Мајката на Нејмар си најде дечко помлад од нејзиниот син (ФОТО)

Тиаго е гејмер и модел кој лесно може да се случи да му стане очув на Нејмар иако е помлад шест години од фудбалерот.

Ѕвездата на бразилската репрезентација и на ПСЖ, Нејмар, освен што е мајстор на фудбалскиот терен, сака да се забавува е љубител и на ноќниот живот.

И самиот фудбалер неретко признава дека најголема слабост во животот му се убавите девојки и истовремено открива дека бил со многу девојки на кои не им го знаел името или пак телефонскиот број.

Но овојпат, во фокусот на медиумите е неговата мајка, Надин Гонкалвеш (52) бидејќи иако неодамна се разведе од таткото на фудбалерот, веќе е во врска.

Надин Гонкалвеш (52) / Фото: Инстаграм

Надин многу брзо најде ново момче, Таиго Рамос (22 години) кој е помлад дури 30 години, а е шест години помлад и од самиот фудбалер.

Новото момче на Надин / Фото: Инстаграм

Тиаго е гејмер и модел и наскоро би можел да му стане очув на Нејмар бидејќи љубовта со Надин цвета. 

Тиаго веќе се запознал со Нејмар, кој нема ништо против одлуката на неговата мајка и целосно ја поддржува нивната љубов.

Нејмар и Тиаго / Фото: Инстаграм

Едноставно некои работи не можат да се објаснат, доколку живееш… љубов“, напиша Надин на својот Инстаграм профил, а веднаш доби поддршка од својот син.

Мамо, биди среќна. Те сакам“, и одговори Нејмар.

View this post on Instagram

O inexplicável não se explica, se vive… ❤️

A post shared by Nadine Gonçalves (@nadine.goncalves) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот