Мајката која го сними сопругот како го тепа детето е гневна: Ѓубрето слободно се шета – ако дојде, ќе му пресудам!
Мајката која лани го сними нејзиниот сопруг како го тепа нивното дете во скопската населба Драчево, повторно реагира, лута на институциите, бидејќи, како што вели, насилниот татко е на слобода. Снимката тогаш предизвика силни реакции во јавноста и беше повод за покренување постапка против 28-годишниот скопјанец.
Препорачано
Жената во објава на Фејсбук, жестоко ги критикува институциите, обвинувајќи ги дека не ги заштитиле неа и нејзините деца.
„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала дека не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа.

Според нејзините тврдења, насилството траело со години, а наместо целосна заштита, од Центарот за социјална работа се обидувале да ја „смират“ ситуацијата.
По пријавениот инцидент, Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против осомничениот, кој беше приведен и му беше определен притвор.
Засега нема официјална реакција од Центарот за социјална работа во врска со обвинувањата на мајката, додека од Обвинителството се очекуваат дополнителни информации за текот и исходот на постапката.


