Мајка му на Јосиф вели дека тој бил заведен од секта: „Го наседнаа“

Пронајден е младиот Јусуф/ Фото: Твитер

По пронаоѓањето на средношколецот Јосиф по кој се трагаше два дена, неговата мајка Маја Попова, сподели за „А1он“ дека тој бил заведен од секта од страна на лице кое се претставувало како бездомник.

„Него го најде полицијата. Ангажиравме многу луѓе, го пријавивме во полиција, ангажиравме едно чудо луѓе. Го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца кои ни помогнаа. Тие се веќе полнолетни, со 18 години, моравме сè тоа да земеме предвид. Треба да одиме во полициска станица, каде што треба да се даде извештај“, вели мајката на Јосиф, за „А1он“.

Кога бил пронајден, според информации на семејството, Јосиф бил многу збунет. Седиштето на местото каде што се правеле овие активности било меѓу Центар и Карпош 4.

Мајката на Јосиф упати порака и апел до другите родители да бидат многу внимателни со своите деца. Таа вели дека Јосиф бил врбуван, а се сомнева дека таргети на ваквите луѓе се лица и деца кои се ранливи.

Тие проповедувале т.н. Божјо слово, што од една страна не изгледа лошо, но од друга страна, тие проповедуваат работи за кои велат дека се од Библијата, дека ќе дојде крајот на светот, по извесно време нешто ќе се случи, па кажувале кои работи ќе се случат и така натаму. Работата е што го наседнале и тој поверувал во сето тоа. Тука е направена грешката“, раскажа Попова.

ФОТО: Се трага по младиот Јосиф, вчера е виден заедно со бездомник во скопска пекара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот