Мајк Пенс се повлече од претседателската кампања

Поранешниот потпретседател Мајк Пенс / 4 ноември 2020 / Вашинготн ДС, САД / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Поранешниот потпретседател на Соединетите aмерикански држави, Мајк Пенс денеска објави дека ќе се повлече од трката за претседател во 2024 година.

Пенс ја прекина кампањата поради заостананување на анкетите и финансиските предизвици, ветувајќи дека ќе помогне да се изберат принципиелни републикански лидери, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој ја објави информацијата во Лас Вегас, Невада, за време на годишниот самит на Републиканската еврејска коалиција.

Според извори на медиумот, во кампањата на Пенс имало голема загриженост дека тој нема да се квалификува за третата фаза на дебати следниот месец.

Пенс во јуни официјално ги поднесе документите за да им се приклучи на останатите републиканци во трката за претседателските избори во 2024 година.

Тој ја извршување функцијата потпретседател на САД за време на мандатот на Доналд Трамп. Тој му беше непоколебливо лојален на Трамп во поголемиот дел од нивните четири години поминати на функции, но се дистанцира од својот шеф по немирите и упадот во Конгресот во јануари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот