МАЈЕ: Владите да обезбедат дополнителни фондови за сите медиуми

Тие фондови се за да се обезбеди и во услови на криза медиумите во полна форма да работат и да ја извршуваат својата функција, редовно да го информираат населението, велат од МАЈЕ.

На Светскиот ден на слобода на печатот, а во екот на глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, медиумите уште еднаш докажаа дека се важен субјект во општеството и дека играат една од најважните улоги. Покрај тоа што ги образоваат граѓаните, се обидуваат секој од нив да го заштитат од најголемиот здравствен ризик во модерната историја, со правилно и точно известување, а во исто време медиумите ја чуваат демократијата во период кога човековите права на поголем дел од населението во некоја мерка се ограничени, се вели во соопштението од Медиумската асоцијација на југоисточна Европа (МАЈЕ).

„Сепак, и покрај фактот дека медиумите се еден од најважните столбови во секое демократско општество, поголем дел од медиумската индустрија се соочува со неизвесна иднина, која е предизвикана со падот на глобалната економија поради Ковид-19. Во период кога од медиумите се очекува да работат повеќе отколку претходно и сите информации ги пласираат брзо, приходите од пазарот за повеќето медиуми не овозможуваат ни основно преживување.

Поради тоа Медиумската асоцијација на југоисточна Европа ги повикува сите влади од регионот, покрај постоечките, итно да обезбедат и дополнителни форми и фондови за поддршка на сите медиуми, за да се обезбеди и во услови на криза медиумите да работат во полна форма и да ја извршуваат својата функција, редовно да го информираат населението“ велат од МАЈЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот