Мајами со „благодарност“ до коронавирусот: Ова не е забележано од 1957 година

Полиција во Мајами/Фото: Профимедиа

Звучи неверојатно, но за прв пат од 1957 година не е забележано ниту едно убиство во Мајами цели седум недели.

Според статистиката на полицијата во Мајами, ниту едно убиство не е пријавено од 17 февруари до 12 арпил, што е најдолга низа во последните 63 години.

Несомнено е, наведуваат од полицијата, дека мерките воведени заради пандемијата на коронавирусот одиграле значајна улога, пред се оние кои се однесуваат на тоа луѓето да не излегуваат од своите домови. Но, приметиле тие, овој тренд започна во средина на февруари, пред социјалното дистанцирање да стапи на сила.

– Зошто ова се случува? Искрено, не знам, но ова е одлично и сакам вака да продолжи, рекол шефот на полицијата Хорхе Колина, кој инаку закрепнува од инфекција од коронавирусот.

Освен најтешките кривични дела, односно убиствата, во опаѓање се и другите кривични дела, како разбојништво, напад и насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот