Мајами добива големо засилување во финалната серија против Денвер?
Кошаркарот на Мајами, Тајлер Хиро би можел да биде спремен да настапи во големото финале на НБА лигата.
Препорачано
Екипата од Флорида спречи историско враќање на Бостон и победи во „мајсторката“ со што обезбеди финале против Денвер.
Претходно се мислеше дека Хиро нема да биде спремен за финалето поради скршеницата на раката, но тоа што серијата се одолговлечи, сепак би можел да биде спремен.
Такви се барем информациите на новинарот Крис Хајнс кој информираше дека Хиро веќе започнал со тренинзи и би можел да настапи во третиот натпревар против Денвер. Хиро доживеа скршеница во првиот натпревар од плеј-офот и оттогаш носи штитник кој неодамна го извади, но се уште не му беше дозволено д ашутира.
Miami Heat guard Tyler Herro (hand fracture) is ramping up workouts and is expected to make his return at some point during NBA Finals with Game 3 being the likely target, league sources tell @NBAonTNT, @BleacherReport.
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) May 30, 2023
Одличниот шутер се повреди на 16. април и првичните најави беа дека ќе биде отсуствува четири до шест недели.
Сезонава тој во просек бележе 20 поени, 5.4 скокови и 4.2 асистенции по натпревар.


