Мајами доби лоша вест пред четвртиот натпревар против Денвер

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Денвер води со 2:1 во финалната серија против Мајами, а пред четвртиот натпревар „жешките“ добија лоши вести за одличниот шутер Тајлер Хиро.

Хиро веројатно ќе може да помогне во еден момент од финалето, во зависност од тоа колку натпревари ќе се играат, но тоа сигурно нема да биде во четвртата средба.

Скршеницата на раката Хиро ја заработи во првата рунда од плеј-офот кога Мајами играше против Милвоки и од тогаш е надвор од терените. Засега не може да се каже кога точно ќе се врати.

„Ќе мора да се минат одредени фази. За жал, Хиро се уште не доби дозвола за настап“, соопштија од Мајами.

Добра вест за Мајами е што ќе може да смета на Кајл Лаури кој нема потешка повреда. Четвртиот натпревар се игра во ноќта која пред нас од 02:30 часот. Со евентуална победа Денвер ќе дојде до одлична позиција бидејќи петтиот натпревар го игра во Колародо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот