Маѓар се сомнева дека „Турски тек“ е наместена работа, рече дека знае кој ги влече конците во Србија, Вучиќ одговори: „Кој стои зад тоа? Ајде, одговори ми!“
Српскиот претседател Александар Вучиќ го скрши мразот, стана првиот странски лидер што влезе во судир со Петер Маѓар.
Александар Вучиќ му возврати на унгарскиот премиер Петер Маѓар, велејќи дека неговите коментари оти Путин им е „кум“ на автократите се „бесмислени“ и „глупави“. Новоизбраниот унгарски премиер тврдеше дека рускиот лидер ги влече конците и во Србија, објави „Јуроњуз“.
Препорачано
Српскиот претседател Александар Вучиќ стана првиот странски лидер што влезе во судир со новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар, само еден ден по парламентарните избори во неделата.
Партијата Тиса на Маѓар освои убедлива победа на изборите, ставајќи крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Орбан и Вучиќ во целиот тој период одржуваа блиски политички врски.
Во изјава за српскиот јавен сервис во понеделникот вечерта, Вучиќ ги отфрли претходните забелешки на Маѓар како „глупави“, откако унгарскиот лидер сугерираше дека знае кој ја диригира политичката алијанса меѓу Орбан, словачкиот премиер Роберт Фицо и Вучиќ.
– Точно знам што се случува во Србија, а знам и каква испреплетеност постои меѓу владата на Орбан и Србија предводена од Вучиќ, како и меѓу словачкиот Роберт Фицо и Виктор Орбан. Отприлика знам и кој стои зад ова, кој е кумот зад овие големи пријателства – рече Маѓар вчера на меѓународна прес-конференција.
Муцунски му ја честиташе победата на Маѓар: Со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка
„Ајде, одговори ми! Кој стои зад тоа?“
Вучиќ остро реагираше во интервју за српскиот јавен сервис.
– Тој рече дека знае кој стои зад таквите односи меѓу Орбан, Фицо и Вучиќ. А јас го прашувам: кој стои зад тоа? Ајде, одговори ми! Тој нема поим… алудира дека тоа можеби е Путин. Да не бев загрижен за односите со Унгарците во нашата земја и со самата Унгарија, неговата изјава би ја нарекол бесмислена и неодговорна – рече Вучиќ.
Маѓар изрази сомнежи за инцидентот со гасоводот
На истата прес-конференција, Маѓар зборуваше и за пронаоѓањето експлозив во близина на гасоводот „Турски тек“ во Србија, недалеку од унгарската граница, нарекувајќи го настанот очигледна операција под лажно знаме.
– За време на изборната кампања имаше операција што личеше на напад под лажно знаме на Велигден. Мојата идна влада ќе истражи што точно се случило и дали опасноста била реална – додаде тој, напоменувајќи дека не ја исклучува можноста заканата навистина да била реална.
Српските власти на 5 април соопштија дека две торби со експлозив биле пронајдени во близина на гасоводот, преку кој руски природен гас се транспортира до Унгарија.
Вучиќ рече дека истрагата ќе биде завршена и дека нејзините наоди ќе му бидат доставени на Маѓар.
„Тие наоди ќе покажат дека погрешил што им поверувал на озборувањата од таблоидните медиуми“, рече Вучиќ.
И покрај острите размени, двајцата лидери изразија желба да се задржат добрите билатерални односи. Вучиќ, исто така, му испрати честитка на Маѓар по изборите во неделата.
ВИДЕО | Маѓар одржа говор: Го соборивме системот на Орбан, ја ослободивме Унгарија


