Магични приказни: Урбана авантура за современите несовршености

Издавачкиот центар „Три“ ја објави книгата „Лили, сама“ од англиската авторка Џеклин Вилсон. Книгата е дел од едицијата „Магични приказни“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, а преводот на македонски јазик го направи Ацо Пероски.

Романот „Лили, сама“ е урбана авантура која го поставува најважното прашање кон родителите, но и децата – каква е личната одговорност и општествената правда кога улогите на децата и родителите се сменети? Кога самобендисаната мајка на Лили заминува на одмор во Шпанија со новото момче, Лили останува сама со своите сестри и малото братче. Одговорната Лили смислува план како да ги забавува најмалите членови од своето семејство, а воедно и да ја скрие тајната дека се сами… Тргнуваат на кампување во големиот градски парк, каде што ќе се случи незгода која ќе доведе до вмешување на органите за посвојување и полицијата. Книга за современите несовршености и проблеми на едно семејство, која тера на размислување.

Авторката Џеклин Вилсон е една од најпознатите современи англиски романсиерки, авторка на голем број бестселери за деца преведени на над 30 јазици. Во периодот 2002 – 2008 е прогласена за една од најчитаните автори во библиотеките. Родена е во Сомерсет, но поголемиот дел од детството го поминала во Кингстон, на Темза. Од мала читала и пишувала, а својот прв „роман“ од 21 страница го напишала на девет години.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 34, во печатеното и електронското издание на „Слободен печат“ на 5-7 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот