Мадуро и жена му пак беа на судење – еве што се случуваше на рочиштето

Во пресрет на судењето, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека против Николас Мадуро „ќе бидат покренати и други случаи“.

Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес денеска повторно се појавија во федералниот суд во Њујорк, откако беа уапсени во американска операција во Каракас на почетокот на годинава. На рочиштето одбраната побара случајот да биде отфрлен, тврдејќи дека американската влада му ја попречува можноста на Мадуро да се брани, бидејќи не му дозволува соодветно финансирање на правната одбрана, објави „Си-ен-ен“.

Судијата Алвин Хелерстин, сепак, јасно ставил до знаење дека предметот нема да биде отфрлен поради спорот околу адвокатските трошоци. Тој најавил дека наскоро ќе донесе одлука дали администрацијата на Доналд Трамп треба да ѝ дозволи на Венецуела да ги покрие правните трошоци на Мадуро и Флорес. Обвинителството, од своја страна, се спротивставило на тоа, тврдејќи дека двајцата го „ограбувале богатството на Венецуела“, додека одбраната возвратила дека брачната двојка сведочела оти не може сама да ги плати трошоците за одбраната.

Мадуро и Флорес се изјасниле дека не се виновни по обвиненијата поврзани со дрога и оружје. За време на рочиштето, поранешниот венецуелски лидер и првата дама седеле на масата на одбраната со слушалки за превод и повремено запишувале белешки. Во пресрет на судењето, Трамп изјави дека против Мадуро „ќе бидат покренати и други случаи“.

Надвор од судницата, случајот предизвика силни реакции и во САД и во Венецуела. Поддржувачи на Мадуро одржаа собир на плоштадот Боливар во Каракас, барајќи негово и ослободување на неговата сопруга, а дел од Венецуелците собрани пред судот во Њујорк порачаа дека очекуваат тој да биде казнет.

Владејачката партија во Венецуела, пак, за време на рочиштето објавила соопштение во кое побарала заштита на, како што навела, „легитимните права“ на Мадуро и на Флорес.

Колку чинеше апсењето на Мадуро?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот