Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во „Фантастични ѕверови“

Instagram

Мадс Микелсен (55) е актерот кој ќе го замени Џони Деп кој ја толкуваше улогата на волшебникот Гелерт Гринделвалд во серијата „Фантастични ѕверови“, објавија „Warner Bros“.

Микелсен е дански автор, а светот го памти актерот Микесен по филмовите „Casiono Royale“ и „Doctor Strange“

Instagram
Instagram

До оваа замена дојде откако Џони Деп ја напушти франшизата на почетокот на ноември. Тој ја изгуби судската расправа во врска со натпис во списанието „Sun“ во 2018 година,  во кој беше наречен „тепач на жени“. Целата ситуација ескалираше за многу брзо време, и по „Sun“ речиси сите медиуми го осудија Деп за ова дело!

Instagram

Соопштението се појави кратко откако на Деп му беше одбиена жалбата на пресудата на Високиот суд, со кој се заклучи дека тој физички ја нападнал својата поранешна сопруга Амбер Херд.

На актерот му е одредена и парична казна која треба да ја исплати на издавачот на списанието „Sun“ од скоро 630.000 фунти.

Instagram
Instagram

Деп го толкуваше ликот Гринделвалд во „Фантастични ѕверови“ во 2016 година и 2018 година. Во филмовите, исто така, глумат и Еди Редмејн и Џуд Ло. Третиот дел од серијалот треба да биде објавен во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот