Лула да Силва: За 100 дена земјата ќе функционира со нормална брзина, да бидеме внимателни фанатиците на Болсонаро се опасни

Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Бразилскиот левичарски претседател Луис Игнасио Лула да Силва изјави денеска дека има подготвена политика која во рок од сто дена би довела до тоа земјата повторно да „функционира со нормална брзина” и им порача на финансиските пазари да не се грижат за Владата на неговата Работничка партија.

Зборувајќи за неодамнешниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро врз владината зграда во Бразилија, Лула рече дека тоа е големо предупредување.

„Победивме на последните избори, но фанатичните поддржувачи на Болсонаро се многу опасни, затоа во иднина мора да бидеме построги и повнимателни, рече Лула и нагласи дека е потребно да се открие кој ги финансира овие дела“, односно што ја загрозува бразилската демократија.

Во неделата, приврзаниците на десничарскиот Болсонаро го нападнаа бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата, повикувајќи на воен удар за да се поништат изборите во октомври и победата на Лула.

Бразилскиот претседател изјави дека и покрај немилите настани, министерот за одбрана Хозе Мусио ќе остане на функцијата.

ВИДЕО | Бразил: Поддржувачите на Болсонаро упаднаа во зградата на Националниот конгрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот