ВИДЕО | Бразил: Поддржувачите на Болсонаро упаднаа во зградата на Националниот конгрес

Фото: Screenshot

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро упаднаа во зградата на Националниот конгрес во Бразилија.

Стотици луѓе го пробија обезбедувањето и упаднаа во зградата на Националниот конгрес. Поддржувачите на Болсонаро одбија да ја прифатат изборната победа на левичарот Лула.

Според новинската агенција ЛУСА, стотици луѓе ја нападнале зградата, повикувајќи на воена интервенција за соборување на претседателот Луис Инасио Лула да Силва, кој беше инаугуриран пред една недела.

Демонстрантите облечени во жолти и зелени маици и бразилски знамиња нападнаа некои полициски возила кои ја обезбедуваа зградата, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот