Лукаревска ја повика опозицијата да го продолжи дијалогот за уставните измени

Сања Лукаревска
Сања Лукаревска / Фото: Скриншот, Јутјуб

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето на „Канал 5” изјави дека е „добро што се одржа лидерска средба и што започна дијалогот кој треба да продолжи, затоа што стратешката цел членство во ЕУ можеме да ја спроведеме сите заедно само со компромис”.

„Нашата подадена рака не значи дека ние се бориме за самите себе, тука дека ни е најважна европската иднина на државата, а личните рејтинзи не треба да ни бидат на пиедестал. Пет од десетте министерски места на СДСМ ги понудивме на опозицијата, нашиот став е конзистентен, а од другата страна имаме разнолики ставови. Имаме формирано работна група и ДПМНЕ треба да се приклучи, затоа што самите кажаа дека се за уставни измени и со тоа потврдија дека овој парламентарен состав има мандат да спроведе уставни измени“ порача Лукаревска.

Со условувања, додаде Лукаревска, „не можеме да одиме никаде, ни треба дијалог и компромис да ја споделиме одговорноста во овој процес и да ја обезбедиме европската иднина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот