Фото: Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Лудогорец го одложи мечот со Берое: Со сите мисли кон реваншот против Шкендија во Лига Европа

Натпреварот од шестото коло во бугарската фудбалска лига помеѓу Берое и Лудогорец е одложен на барање на клубот од Разград, потврдија од тамошната федерација.

Овој меч требаше да се одигра на 25 август (понеделник) на стадионот во Стара Загора со почеток од 20.15 часот.

Па така, сега е познато дека играчите предводени од тренерот Руи Мота целосно ќе бидат фокусирани за реваншот против Шкендија во плејофот на Лигата на Европа.

Потсетување дека првиот натпревар одигран во четвртокот тетовска Шкендија триумфираше со 2:1 против Лудогорец.

Во бугарскиот шампионат Лудогорец после пет кола е на првото место на табелата со 13 бодови, колку што има и второпласираниот Левски.

ФОТО+ВИДЕО: Бугарскиот шампион падна во Скопје, Шкендија чекори кон Лига Европа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот