Фото: Brighton & Hove Albion FC

Лудо сценарио во Премиер лигата: Ќе треба да загубат за да обезбедат место во Лигата на шампионите?

Борнмут со победата од 3-0 против Кристал палас ја презеде водечката позиција во трката за шестото место во Премиер лига, позиција која оваа сезона би можела да донесе и невообичаен пласман во Лигата на шампиони.

Англија доби дополнително место во Лигата на шампионите благодарение на европскиот коефициент, што значи дека и петтопласираната екипа ќе игра во најсилното клупско натпреварување. Ситуацијата дополнително се комплицира доколку Астон вила ја освои Лига Европа, што би обезбедило уште едно место во ЛШ и за шестиот на табелата (ако Астон вила преку првенството исто така обезбеди ЛШ).

Во тој случај, можно е да се случи речиси апсурден расплет, шестопласирана екипа да мора да загуби во последното коло за да обезбеди настап во Лигата на шампионите. Според „Би-би-си“, ваквото сценарио иако малку веројатно, не е невозможно. Во последното коло, Брајтон го пречекува Манчестер јунајтед, додека Брентфорд гостува кај Ливерпул.

Во моменталната ситуација, Ливерпул е пред Астон вила само поради подобра гол-разлика, додека Манчестер јунајтед има шест бода предност. Ако Брајтон или Брентфорд бидат сигурни дека ќе го задржат шестото место дури и со пораз, тогаш тој пораз би можел да им донесе пласман во Лигата на шампиони наместо во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот