„Лудиот Берни“ или „Заспаниот Џо“ – кој ќе оди на мегдан со Трамп?

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Сенаторката Елизабет Ворен се повлече од трката за претседателски кандидат од демократската партија, но останува енигма кого таа ќе поддржи – поранешниот потпретседател Џо Бајден или сенаторот Берни Сандерс.

На повлекувањето пресудно влијаеа резултатите од „супервторникот“, внатрепартиските избори во 14 сојузни држави, на кои таа не оствари ниту една победа, а во родниот Масачусец го освои само третото место.

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден се врати во трката за кандидат на демократската партија по поебдата во девет држави, додека сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, победи во четири држави кои имаат голем број на делегати, вклучувајќи ја и Калифорнија.

Претходно од трката се откажа и милијардерот Мајкл Блумберг.

Интересно е тоа што меѓу кандидатите уште е конгресменката Тулси Габард која нема никакви шанси, но го привлече вниманието на јавноста со своите антивоени ставови. Како припадничка на американската војска, која неколку пати служела во Ирак, остро се противи на американските воени интервенции на Блискиот исток.

Освен тоа, ставовите дека Моксва е одговорна за избор на Доналд Трамп од 2016 година ги отфрли како пропаганда, па не е многу застапена во американсите мејнстрим медиуми. На неколку минати дебати не учествуваше поради тоа што организаторите воопшто не ни ја повикаа. Највеќе ѝ се замерува тоа што лично се состана со сирискиот претседател Башар ал Асад, иако како конгресменка учествува во Одборот за надворешни прашања, позиција која вкучува состаноци и со странски лидери.

Не е јасно која е точно нејзината стратегија кога станува збор за трката за претседател, но се смета дека таа ќе го поддржи Берни Сандерс со оглед на тоа дека истото го направи и во 2016 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека сенаторката Елизабет Ворен предоцна се повлекла од претседателската трка, и така придонела до пораз на кандидатот Берни Сандерс.

„Задоцни три дена. Тоа „Лудиот Берни“ го чинеше (победа) барем во Масачусец, Минесота и Тексас. Можеби тоа ќе го чини номинација“, напиша Трамп на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот