Љубе Бошкоски: На Инфективна сум, состојбата ми се подобрува, чувајте се!

Претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со ковид-19, се обрати преку својот Фејсбук профил.

Љубе Бошковски е позитивен на ковид-19: Деновите ги поминува во карантин во Челопек, прави зимница

-Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се!, пишува Бошковски на својот ФБ профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот