ЛШ: Вардар без Шишкарев, но со Толедо против Кил!

rkvardar.mk

„Црвено-црните“ имаат тешка задача, но ќе се обидат во Германија в среда да ја прекинат лошата резултатска серија во рамките од „Б“ групата.

Македонскиот и европскиот шампион денеска во утринските часови го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Германија, каде в среда го очекува нов натпревар од Лигата на шампионите против Кил.

Вардарци ќе заминат за Кил, без руското десно крило Шишкарев кој има воспаление на увото, додека ново засилување, бразилскиот десен бек Жозе Толедо за прв пат ќе патува со екипата на еден официјален натпревар.

Сите останати со исклучок на Кристијан Дисингер, ќе бидат на располагање на тренерот Стевче Алушовски за дуелот против бундеслигашот.

Мечот меѓу Кил и Вардар ќе се игра в среда (5 февруари) стартува од 19.00 часот, а судии се Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис од Летонија. ЕХФ делегат е Швеѓанецот Питер Олсон.

„Црвено-црните“ се наоѓаат во резултатска криза во ЛШ, четири средби по ред не знаат за триумф. После германскиот предизвик, во последните три кола ги очекуваат уште пресметките со Мотор Запорожје (дома), Порто (гости) и Монпеље (дома).

Осминафиналето е скоро обезбедено, а моментно во групата Б Вардар е на шестото место со девет бодови, седум помалку зад водечкиот Кил.

Воедно од денеска во продажба се пуштени поединечните билети за следниот домашен натпревар на Вардар во ЛШ протов украинскиот Мотор Запорожје.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мотор се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот