ЛШ: Томас Милер верува дека Баерн може да го елиминира Манчестер сити

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Манчестер сити има предност од 3:0 против Баерн Минхен од првиот натпревар во четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите.

Фудбалерот на германскиот клуб, Томас Милер изјави дека неговата екипа има шанса да го елиминира англискиот претставник од елитното клупско натпреварување.

– Верувам дека сè уште имаме шанси да се пласираме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Мора добро да го започнеме натпреварот, можеби ќе постигнеме барем еден гол во првото полувреме. Не мора да водиме со 3:0 по првите 10 минути, туку мораме да постигнеме барем еден гол во првото полувреме. Доколку постигнеме втор гол до 80 минута и не примиме, ќе имаме уште 15 минути. Верувам дека сè е можно – вели Милер.

Реванш мечот на „Алијанц“ арената ќе се игра денеска од 21.00 часот.

Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе ги одмери силите против Реал Мадрид кој претходно го елиминираше Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот