ВИДЕО | ЛШ: Милан го чека Интер за градско дерби во полуфиналето, крај на европскиот сон за Елмас и Наполи

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Најуспешните тимови во историјата на Лигата на шампионите се и првите полуфинлисти сезонава во најелитното европско натпреварувања. Милан и Реал Мадрид славеа нови победи.

Наполи беше фаворит во двомечот со Милан најмногу поради актуелната форма на двата тима. Наполи игра фантастично во Серија А и скоро веќе и да го обезбеди Скудетото, меѓутоа во двомечот од ЛШ како да им недостасуваше искуство против „росонерите“. Во првиот натпревар беа поразени со 1:0, а вечерва одиграа реми 1:1.

И во овој натпревар вечерва, како и во Милано, Наполи имаше повеќе од играта, но Милан е тој кој на крајот се радуваше. Жиру ги доведе „росонерите“ во водство во првиот дел, додека конечните 1:1 ги постави Осимен во самиот финиш.

Видовме и два промашени пенали, стрелецот Жиру не реализираше за Милан, додека кај Наполи таква прилика пропушти Кварацхелија. Елмас во игра влезе во 62-та минута, но не успеа да промени многу на теренот.

Овој пласман ан Милан помеѓу најдобрите четири значи и дека во полуфиналето можеме да гледаме миланско дербо, затоа што Интер утре ја пречекува Бенфика со одлична предност од 0:2 во првиот натпревар, а победникот од тој двомеч вкрстува со „росонерите“.

Челси е во резултатска криза, па Реал е и очекувано во полуфиналето. По победата во првиот натпревар, вечерва момците на Анчелоти рутински ја одработија задачата и не дозволија некаков пресврт. Стрелец на двата гола беше Родриго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот