Фото: rkeurofarmpelister.com

ЛШ: Еурофарм Пелистер освои бод против ГОГ во Данска

Денеска во својот 12 натпревар од групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа 28:28 против ГОГ во Данска.

После првото полувреме ГОГ имаше позитива од четири голови разлика (15:11), иако во еден момент на семафорот имаше и „плус пет“ (13:8).

Во вториот дел и натаму домаќините одржуваа позитива од три-четири голови предност сè до 43 минута кога при негатива од 23:19, Еурофарм Пелистер направи серија од 5:1 и да дојде до израмнување на 24:24.

Еурофарм Пелистер успеа и да поведе на овој меч, минимално на 25:24 со голот на Хакбарт. Се влезе во неизвесна завршница, домашните играчи повторно контролираа минимална позитива во последните минути од натпреварот, а гостите секојпат израмнуваа. Во последната минута ГОГ стрелаше за нова предност преку Митун за 28:27, а во самиот финиш Еурофарм Пелистер го избегна поразот и се избори за реми со погодокот на Видомски.

За Еурофарм Пелистер најефикасен беше Видомски со седум голови, а шест запиша Кузмановски.

Актуелниот македонски првак со овој бод и натаму ги одржува шансите за една од позициите кои водат во осминафиналето.

Моментно играчите на Стевче Алушовски имаа пет бода на претпоследното седмо место, три бода помалку од шестопласираниот ПСЖ кој својот меч од ова коло ќе го има в четврток на гостувањето кај унгарскиот Сегед.

Во следното коло битолската екипа на 4 март ќе го пречека францускиот тим на ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот