Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Лоша вест за Барселона: Повредата на Олмо е посериозна отколку што се мислеше

Фудбалерот на Барселона, Дани Олмо се повреди во натпреварот кој каталонскиот гигант го доби со 1:4 против Жирона и натпреварот го напушти по нешто повеќе од еден час игра.

Денеска врз Олмо беа направени дополнителни тестови кои не донеле добри вести за тренерот Ханси Флик.

Имено, повредата на Олмо била посериозна отколку што се претпоставувало и тој ќе паузира од четири до шест недели, место само една недела како што првично се најавуваше. Повредата Олмо ја заработи на десниот бутен мускул.

Поради повредата тој ќе го пропушти стартот на Лигата на шампионите, неколку натпревари во Ла Лига, но веројатно и октоврскиот циклус од Лигата на Нации за Шпанија.

ВИДЕО: Миовски од клупата го гледаше триумфот на Барса против Жирона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот