Локвенец за УБ: Апсурден е предлогот на опозицијата да се намалат ингеренциите на Комисијата за надзор врз следење на комуникациите

Апсурден е предлогот на опозицијата да се намалат ингеренциите на Комисијата. И тоа го бараат без образложение – изјави за Утрински Брифинг пратеникот Хари Локвенец.

Во овој момент законот кој е во функција предвидува претставка и секој граѓанин како сомнеж за незаконско следење на неговите комуникации да испорача до Собранието, што значи до граѓанскиот Совет кој во истиот момент потребно е да направи контрола во ОТА и истиот налог да го пренесе до Комисијата за следење на посебната истражна мерка, вели пратеикот Хари Локвенец за Утрински брифинг.

– После давањето на налог, во рок од две недели, потребно е Комисијата да даде извештај за извршената контрола, надополнета од страна на Граѓанскиот Совет и така граѓанинот ќе добие информација дали незаконски е следена неговата комуникација. Но каде е проблемот? Барањето на опозицијата во овој момент е намалување на ингеренции на Комисијата. Зошто? Моменталниот Закон предвидува и двојна и контрола на две нивоа на процесите на следење на коминакциите.

– Двојна заради тоа што контролата ја прави граѓанскиот Совет и во исто време собраниската Комисија и на две нивоа затоа што граѓанскиот Совет прави контрола и споредба на анонимизирани наредби на овластени институции за следење на комуникации додека собраниската комисија покрај контролата на нанонимизираните наредби прави контрола и на комјутерските логови што е исклучително подлабинска контрола.

– Апсурден е предлогот на опозицијата да се намалат ингеренциите на Комисијата. И тоа го бараат без образложение – изјави за Утрински Брифинг пратеникот Хари Локвенец, говорејќи за поднесениот закон за следење на комуникациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот