Локвенец: Создадени предуслови во 2026 година да се заврши проектот за пругата кон Бугарија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Хари Локвенец, директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, вели дека се создадени сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија.

Ги  имаме сите предуслови, тргнувајќи од  документацијата, обезбедувањето на средствата и последно, но според него најважно, и волјата и поддршката од сите страни што се вклучени во овој процес. Влезени сме во втората фаза на тендерската постапка за првите две фази од Куманово до Бељаковце и  Бељаковце до Крива Паланка, финансирани  од страна на WBIF и на ЕБОР.. Од друга страна третата делница е најкратка всушност со должина од  24 километри, но во истовреме е најскапа заради теренот и заради потребата на тие 24 километри да има 24 тунели  и 50 моста. Во фаза сме на подготовка на тендерската документација за да почне таа процедура. Очекуваме дека во рамки на предвидувањата и најавите од страна на мојот  бугарски колега Папукчиски каде бугарската страна  би ја завршила својата делница од Софија до македонската граница до крајот на 2027, мислам дека ние со нашите планови за завршување на целата работа до крајот на 2026 година ќе ги исполниме сите предуслови и успешно ќе го завршиме не сакам да  речам конечно, меѓутоа дефинитивно овој важен инфраструктурен  проект, рече Локвенец. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот