Лога: Мило ми е дека Камчев е на црната листа на САД

Фото: МИА

Мило ми е дека бизнисменот Орце Камчев се најде на „црната листа“ на САД, изјави Министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање. Министерот го лоцира камчев  како еден од главните спонзори за уништување на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

-Тоа што му се случи на господинот Камчев беше очекувано, но всушност правосудните органи во Македонија не го гледаат тоа. Господинот Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО и неговото име се поврзува со многу други проблеми во државата денес. Мило ми е што се најде на црната листа на САД, но многу ми е жал за судскиот систем во Македонија, не го видоа и продолжуваат да не го гледаат на начин на кој очекува обичниот граѓанин – рече Лога.

Министерот најави дека тој како член на Судскиот совет ќе побара да се проверат сите пропусти направени во текот на постапката за сите случаи каде што е обвинет Јордан „Орце“ Камчев.

Камчев од вчера е на црната листа на САД како дел од поединци и субјекти за кои американските власти сметаат дека ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и другo дестабилизирачко однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот