Лофвен: Одморот заврши, ситуацијата во Шведска е сериозна, ќе има построги препораки

Фото: EPA-EFE/Jessica Gow SWEDEN OUT

Бројот на случаи со ковид-19 во Шведска рапидно се зголемува и ситуацијата е многу сериозна, изјави денеска премиерот Стефан Лофвен, најавувајќи построги препораки за уште три региони.

Новите регионални упатства значат дека 70 проценти од Швеѓаните ќе живеат под построги, иако сè уште доброволни, препораки кои вклучуваат работа од дома, ако е можно, и избегнување јавен превоз, трговски центри и теретани.

Лофвен рече дека заедничките вечери во рестораните ќе бидат ограничени на осум лица.

– Имаме многу сериозна ситуација. Се повеќе кревети на одделенијата за интензивна нега се користат за лекување пациенти со ковид. Одморот што го добивме ова лето заврши, рече Лофвен на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот