Љубовната приказна на Фројд и Марта: Му рекла една кобна реченица и засекогаш го понижила

Марта и Сигмунд Фројд/Фото: Профимедиа/Pixaby

Сигмунд Фројд е еден од основачите на психоанализата, а со многубројните теории што ги остави зад себе, не е чудно што многу луѓе денес го ценат и почитуваат. Сепак, како што вели познатата изрека – зад секој успешен маж стои поуспешна жена – и Фројд имал успешна, посветена и верна сопруга, Марта.

Марта многу го сакала Фројд, ги трпела неговите испади, неверства и можната зависност од кокаин, но еднаш го понижила толку многу што тој никогаш повеќе не водел љубов со неа.

– Секогаш кога си во мене, замислувам друг маж… Така и доживувам задоволство – му рекла Марта Фројд на својот сопруг со тивок и смирен глас. Можеби имал начин да им помогне на луѓето, но не знаел како да го промени својот љубовен живот.

Сигмунд и Марта Фројд/Фото: Picryl

Марта и Сигмунд се запознале сосема случајно, кога таа, во придружба на својата мајка, сестра и брат, дошла да ја посети третата сопруга на Јакоб Фројд, таткото на Сигмунд. Тогаш Сигмунд на Марта ѝ упатил многу значаен, продорен поглед. Се родиле симпатии.

Фројд не губел време. Следните денови ѝ напишал писмо на девојката во кое барал дозвола да ѝ се обраќа со „ти“.

„Јас не знам што погледот и однесувањето на една девојка дозволува или забранува. Затоа ќе се ограничам на предлогот, на нашата последна средба, на онаа што ја обожавам, да се обратам со „ти“ и би сакал да бидам сигурен во интимноста која, можеби уште долго, ќе мора да остане тајна“, ѝнапишал тогаш Сигмунд Фројд на својата избраничка.

Двајцата тајно се гледале. Нивните средби биле романтични, со трепет, бидејќи знаеле дека прават „нешто лошо“. Многу зборувале. Единственото еротско искуство што им било дозволено на тајните љубовници бил моментот кога Марта нежно и женствено го кренала чорапот пред очите на возбудениот Фројд.

Зигмунд Фројд
Фото: Зигмунд Фројд / Извор: Принтскрин/YouTube

Марта и Сигмунд биле свршени цели четири години. Такви биле правилата на патријархалното општество на почетокот на 20 век. Требало да се смират страстите и биле резервирани за првата брачна ноќ. Дотогаш, Фројд своите љубовни фрустрации ги ослободувал пишувајќи ѝ писма на својата свршеница. Во нив често бил груб и љубоморен.

Ја прекорувал Марта поради блискоста со братучедот Фриц. Во времето кога ги истражувал ефектите на дејството на кокаинот, Фројд ѝ испратил на својата избраничка неколку ќесички, кои требало да ѝ „дадат сила и розова боја на образите“. Тогаш дури ѝ се заканил дека ќе ги запали сите свои научни трудови. Тука не бил крајот на цинизмот на Фројд.

Во Париз, пред венчавката со Марта, на еден прием кај професорот Шарок, тој ѝ ја упатил следната реченица на неговата ќерка:

„Да не сум свршен, а навистина многу да сакам мали романтични авантури, мислам дека би се обидел да ја искористам приликата…“.

Се разбира, Марта се налутила, па на некои писма не одговарала. Таа му ги простувала навредите под дејство на кокаин, но на неговата најава за флерт одговорала така што се повлекувала, за да може тој да ги искористи новите познанства и да ужива во парискиот живот.

Кога се оженил со Марта во 1886 година, се посветил на приватната пракса на невролог. Фројд знаел дека покрај себе има вистинска жена со која создал зависнички однос. Се трудел да заработи пари за почетокот на бракот, дежурал три пати неделно во Институтот за педијатрија и отворил мала ординација. На почетокот таму доаѓале малку пациенти, а хонорарите биле бедни.

Марта и Фројд се венчале во Вандбеке, со верска церемонија, и покрај тоа што Фројд бил  атеист, така што нивниот брак бил признаен во Австрија. Марта го испочитувала својот свршенички статус и останала девица, додека Сигмунд, според приказните на Марија Бонапарта, нивната пријателка, имал барем еден сексуален однос во текот на неговиот долг целибат.

Станот во кој се наоѓала лекарската ординација бил скромно уреден, но со вкус. Во него, Марта постепено учела како да води домаќинство. За осум години брак таа родила шест деца – Матилда, Жан, Оливер, Ана, Мартин и Софија, која рано починала. Иако Марта добро ги поднесувала бременостите, била дури и среќна, Фројд сепак покажал еманципираност, барајќи од својот близок пријател Вилхелм Филис да пронајде нов метод на контрацепција, бидејќи тој чувствувал вистинска аверзија кон најстариот метод за спречување на несакана бременост – coitus interruptus (ејакулација надвор од вагината), на што ја припишувал неврозата.

Марта и Фројд не живееле сами во куќата. Со нив живеела помладата сестра на Мартa, Мина. Мина и Фројд поминувале многу време заедно. Ги посетувале швајцарските планини и италијанските споменици, додека Марта била бремена, раѓала и се грижела за децата. Откако Мина му се доверила на Јунг и му раскажала детали за врската со Фројд, гласините за врската на Фројд со Мина не престанувале. За Сигмунд, оваа млада и жива интелектуалка била „диво страствена“, исто како него.

Тој еднаш рекол дека Мина е неговата „најинтимна доверлива личност“. Писмата што ги пишувале Мина и Фројд, а кои биле напишани во моментите кога тој немал сексуални односи со Марта, под чуден сплет на околности исчезнале. Но, Марта ја прифатила Мина, бидејќи сметала дека таа и децата треба да останат надвор од односите на Сигмунд со пациентките. Тој став го зазела по едно болно искуство.

Марта Фројд и Мина/Фото: Picryl

Кога Лу Саломе гo посетила семејството Фројд во 1920 година, со нејзината репутација како неконформистична дама со раскалашено однесување со многубројни љубовници, во семејството Фројд сè уште носеле долги фустани. Марта била збунета и од многу интимното пријателство на Фројд со припадниците од ист пол, како и од наклонетоста на нивната ќерка Ана кон жените. Пожртвуваноста на Марта одела дотаму што таа му ставала паста на четката на Зигмунд, му ја подготвувала уште од вечерта облеката што ќе ја облечел следниот ден, му ги пакувала и марамчињата, кои ги користел во големи количини.

Фројд секако не бил „светец“, но Марта, како што пишува неговиот најпознат биограф Ернест Џонс, неговата сакана сопруга, му била најдобра пријателка и поттик во работата. На 59 години, сексуалната слобода, што им ја препорачувал на другите, многу ретко ја практикувал.

„Да не знаев колку сериозно мојот сопруг пристапува кон својата работа, признавам дека би била убедена дека психоанализата е еден облик на порнографија“, му се доверила Марта Фројд на еден свој близок пријател.

Иако со различни карактери, љубовта на Сигмунд и Марта била силна. Марта им се посветила на децата, а Фројд деноноќно работел на неговите случаи. Марта, како што тврдат некои од биографите на Фројд, била страсна жена, таа тврдела дека љубовта треба да биде екстремна или воопшто да ја нема. Но, бракот со жената што ја сакал, полека поминал во рутина, без никаква интимност.

Од друга страна, Фројд бил љубоморен, исклучив, убеден дека жените се ограничени со својот пол. Сепак, Марта била покрај него кога му било најпотребно. Таа наводно го извлекла својот сопруг од можна зависност од кокаин додека тој експериментирал, не знаејќи дека кокаинот може да предизвика зависност.

Зигмунд Фројд
Сигмунд Фројд/Фото: Pixabay

Со недели по смртта на својот сопруг, Марта поминувала денови и ноќи во својата соба. Фројд починал од рак на грлото на 83-годишна возраст во Лондон, бегајќи од нацистите. Дури ниту Мина не излегувала од својата соба, изнемоштена и болна.

„Мојот живот сега изгуби секаква смисла и секаква содржина“, му напишала Марта на Лудвиг Бинсвагер.

Таа починалаа на 90-годишна возраст, повикувајќи ја својата ќерка Софија, која најмногу ја сакала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот