ljuboten

Љуботен ја совлада Брера и ја продолжи доминацијата во Купот на Македонија

Фудбалерките на ЖФК Љуботен продолжуваат да владеат со женскиот фудбал во Македонија – со убедлива победа од 3-0 во финалето против Тиверија Брера го освоија третиот последователен трофеј во националниот Куп.

Во денешното финале, одиграно со доминација од старт до финиш, тимот од Тетово ги искористи грешките на противничките фудбалерки за да стигне до заслужен триумф. Иако Љуботен имаше теренска иницијатива во првото полувреме, мрежите мируваа сè до самата завршница на првиот дел  во 45. минута, кога Охадиве погоди.

Само четири минути по продолжението, истата фудбалерка ја казни лошата проценка на голманката на Брера и со прецизен лоб зголеми на 2-0. Брера се разбуди дури во 55. минута кога ја создаде првата вистинска шанса, но не успеа да намали.

Љуботен потоа пропушти неколку можности за уште поубедлив резултат, но конечните 3-0 беа поставени во самиот финиш, кога Панчуровска повторно погреши при истрчувањето, а Ева Величковска стрелаше за 3-0.

Со оваа победа, Љуботен го потврди својот статус како најдоминантен женски тим во последните години, освојувајќи го Купот три пати по ред. За Тиверија Брера, пак, ова е уште едно болно финале, поразот им е трет во завршница на ова натпреварување, откако и претходно беа поразени во финалето во сезоните 2016/17 и 2018/19. Единствениот трофеј го освоија во 2017/18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот