Лив Тајлер откри зошто и е непријатно на концертите на нејзиниот татко – „Тој прави работи од кои се срамам!“

Лив Тајлер неодамна гостуваше во шоуто на Џими Кимел и зборуваше за својот живот во Лондон, ама и за…..

Глумицата Лив Тајлер во шоуто на Џими Кимел, освен за својот живот во Лондон, зборуваше и за децата, сопругот, а играше и игра со препознавање на сообраќајните знаци кои ја збунија убавата актерка.

Го споменаа и нејзиниот славен татко Стивен Тајлер, фронтменот на групата Аеросмит. На прашањето како се чувствува на неговите настапи, Лив даде интересен одговор.

„Тој е навистина фантастичен. Како изведувач, никогаш ништо не прави половично, секогаш пее од срце и дава сто проценти од себе во изведувањето. Всушност сум и изненадена што се уште настапува, но сепак прави некои работи од кои се срамам. На пример, кога ќе го јавне држачот за микрофонот“, одговори Лив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот