Листата на желби на Клоп со три имиња

EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Ливерпул сезонава најверојатно повторно ќе остане со празни раце, вечерва без двајца стандардни фудбалери, Мохамед Салах и Роберто Фирмињо, има невозможна мисија, да ја совлада Барселона со три голови разлика. Титулата во Премиер лигата најверојатно ќе ја освои Манчестер сити.

За да не му се случи ново разочарување, менаџерот Јирген Клоп побара од управата на клубот во летниот преоден рок да му донесе три засилувања со кои би направил вистински дрим тим со кој би атакувал на титулите во сите натпреварувања.

Највисоко на листата на засилувања се наоѓа името на Давид Нерес од Ајакс. Нерес има фантастична сезона и со Ајакс се наоѓа пред пласман во финалето на Лигата на шампионите. „Црвените“ се подготвени да платат околу 50 милиони фунти за услугите на Нерес.

Клоп планира да го освежи средниот ред со две екстра засилувања, Иван Ракитиќ од Барселона и Набил Фекир од Олимпик Лион.
Раководството на Барселона најави дека Ракитиќ по крајот на сезоната ќе биде ставен на трансфер листата. Освен Ливерпул, интерес за Ракитиќ пројавија уште и ПСЖ и Јувентус.

Набил Фекир, минатата сезона се наоѓаше пред потпис со Ливерпул, беше закажана прес конференција на која требаше да биде претставен како ново засилување за тимот од Енфилд, но лекарскиот тим го стопира трансферот. Сега Клоп им наложи на директорите по секоја цена да го комплетираат трансферот на Фекир. Тие сега се подготвени да платат помеѓу 60 и 70 милини евра, а како можен конкурент за потписот со Французинот се споменува Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот