Limited edition и со посвета: „Адидас“ направи посебни патики со натпис Југопластика

Спортскиот бренд Адидас лансираше серија на патики посветена на кошаркарскиот клуб Југопластика.

Екипата од Сплит доминираше со европската кошарка кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите години од минатиот век, период во кои трипати ја освојуваше континенталната титула. Но, иако Југопластика е далеку од стариот сјај, нејзините резултати се паметат и оставија неизбришлива трага на Стариот континент.

Во чест на клубот, Адидас произведе ретро и ограничена серија на патики и опрема. Станува збор за патики кои, како што се наведува, „ја слават непогрешливата култура на Балканот“.

Кошаркарската екипа од Сплит го носеше името по поранешната фабрика „Југопластика“ која произведе 4,5 торби за Адидас.

Од погоните на Адидас сега излегоа т.н. „топтенки“ со натпис Југопластика, жолта торбичка и шишенце за вода.

Цената на патиките засега не е позната, а произведената количина е само 150 чифта. Нема да одат во слободна продажба, туку се наменети за онлајн аукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот