Лига Европа, Трајкоски: Имаме тактика за брзата игра на Словенците!

Фото: rkeurofarmpelister.com

Еурофарм Пелистер се подготвува за својот четврти меч оваа сезона во Лига Европа против Тримо Требње кој ќе се одигра утре со почеток од 20.45 часот во Љубљана.

Голманот на македонскиот претставник Благојче Трајкоски очекува екипата да игра добро во текот на целиот натпревар, а не само едно полувреме.

– Паднавме во вториот дел и на првиот и на вториот натпревар. Недостатокот на натпревари нè чини два бода. Против Шафхаузен тоа ни се повтори, скоро цел тим излезе од карантин непосредно пред натпреварот и се виде таа слабост. После карантин тешко се игра.

Бабиќ пред Тримо Требње: Улогата на фаворит не треба ни да се спомнува!

Против Рајн Некар Левен исто така бевме солидни во првиот дел, но потоа паднавме во продолжението. Убеден сум дека во Словенија ќе дадеме максимум во текот на целиот натпревар.

Тримо Требње е компактна екипа, брзиот противнапад ја краси екипата. Играат многу брзо, скандинавски, баш како ГОГ Гудме. Спремивме тактика за нивната брза игра и се надевам дека ќе ги онеспособиме во тој противнапад – вели чуварот на мрежата на битолчани, Трајкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот