Лига Европа: Сон и Кејн ќе бидат најголемата опасност во Скопје! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Cath Ivill/POOL

После триумфот над Саутемптон (2:5) во Премиер лигата, сите погледи беа насочени кон двајца играчи, Сон Хјунг-мин (28) и Хари Кејн (27).

Дефинитивно овие фудбалери ќе бидат и најголемата опасност в четврток (24 септември) за Шкендија во рамките од третото квалифификациско коло на Лига Европа. Победникот во плеј-офот за пласман во групите на ЛЕ ќе игра против рускиот Ростов или Макаби Хаифа од Израел.

Тетовските „црвено-црни“ и Ернест Ѓока на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје (20.00 часот) ќе се соочат против премиерлигашкиот гигант Тотенхем на Жозе Мурињо.

Лондонскиот клуб има густ распоред месецов, а поради позитивните случаи на коронавирус во Лејтон Ориент, денеска нема да го игра натпреварот од Лига купот, па така играчите на португалскиот менаџер ќе добијат повеќе одмор пред гостувањето во нашиот главен град.

И натаму Тотенхем на социјалните мрежи споделува впечатоци од дуелот против Саутемптон, Сон блескаше со четири голови, (негов прв премиерлигашки хет-трик) а четирипати му асистираше Кејн.

Во претходниот период клубот се пофали и со новите засилувања во составот, Регулион и Бејл кои дојдоа од редовите на Реал Мадрид. Секако, тука и други звучни имиња како Алдервирелд, Ламела, Сисоко, Моура, Деле Али, Ндомбеле..

Исто така Тотенхем се пофали и со една неверојатна одбрана на францускиот голман Уго Лорис токму од дуелот на стадионот „Ст. Мери`с“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот