Премиер лига: Саутемптон само го налути тандемот Сон-Кејн! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Matthew Childs/POOL

Лондонскиот клуб после изненадувачкиот пораз дома од Евертон, денеска во рамките од второто коло во новата премиерлигашка сезона, играчите на Жозе Мурињо целосно ја оправдаа фаворитската улога и славеше убедливо на гостувањето кај Саутемптон (2:5).

Противникот на Шкендија во Лига Европа, Тотенхем уште во третата минута можеше да биде во водство, но голот на Кејн беше поништен поради офсајд после прегледаната ВАР снимка.

Во 32 минута домаќините дојдоа први во водство, Вокер-Питерс убаво го пронајде Ингс кој успеа ја затресе мрежата на Љорис (1:0).

На паузата се замина со егал откако Кејн му асистираше на Сон Хјунг-Мин (45+2`) во полуконтранапад за израмнување (1:1).

Истите играчи уште трипати блеснаа  на „Ст. Мери`с“ стадионот, за прво водство на гостите во 47 минута, за зголемување на предноста во 64 минута, како и во 73 минута, за вкупно четири гола на Јужнокореецот Сон.

И Кејн кој имаше фантастична партија со четири асистенции, а успеа и еднаш да се запише во листата на стрелците во 82 минута за 1:5.

Во 90 минута Саутемптон само успеа да го ублажи својот втор пораз сезонава преку Ингс кој стрелаше по вторпат на мечот (од пенал) за поставување на конечниот епилог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот