Шкендија го дозна противникот за плеј-офот доколку по елиминира Тотенхем

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија која остана единствен македонски претставник во квалификациите за Лигата на Европа, доби вистинска премија за противник во наредното коло во името на англискиот Тотенхем, а денеска го дозна и последниот противник пред групната фаза.

Шкендија на 24. септември на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе ги пречека Тотенхем и менаџерот Жозе Мурињо, а според последните најави, најголемото засилување Герет Бејл, нема да биде во комбинација за настап.

Доколку направат подвиг, тетовци во плеј-оф рундата која е последен филтер пред пласман во групната фаза во ЛЕ ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу руски Ростов и Макаби Хаифа.

Натпреварот од плеј-офот треба да се игра на 1. октомври, а доколку Шкендија го елиминира Тотенхем, повторно ќе игра на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот