Одложен мечот во Лига купот, Тотенхем веќе се фокусира на Шкендија

twitter.com/SpursOfficial

Официјално денеска нема да се игра натпреварот (кој беше планиран да стартува од 19.00 часот) од третото коло во Карабао лига купот помеѓу Лејтон Ориент и Тотенхем.

Причина се позитивните случаи на коронавирус во екипата на Лејтон Ориент, не е познат бројот на заразени играчи.

Се знае дека тие беа тестирани после саботното реми против Менсфилд таун во втората англиска лига.

Така, играчите на Жозе Мурињо ќе добијат нешто поголем одмор пред натпреварот в четврток во рамките од третото квалификациско коло на Лига Европа.

Потсетување дека на 24 септември на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје (20.00 часот), екипата на Шкендија ќе го пречека премиерлигашкиот гигант.

Тотенхен има густ распоред овој месец, во неделата со 2:5 го совлада Саутемптон во Премиер лигата, а во истото натпреварување оваа недела во Лондон е домаќин на Њукасл (15.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот