Димитријевиќ прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ/фото: Александр Павлов (БК "Зенит")

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го доби признанието за најкорисен кошаркар (МВП) во регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.

Играчот на Уникс одигра 35 натпревари за тимот од Казан во текот на регуларниот дел од сезоната во кој имаше просек од 19,0 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока, 1,3 украдена топка по меч.

Уникс Казан за прв пат стана победник во регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата. Во решавачкиот натпревар за првото место против ЦСКА Москва, нашиот плејмејкер постигна рекордни во кариерата 40 поени.

– За мене е голема чест што бидам избран за МВП на ВТБ лигата во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека тоа е одраз на одличната тимска работа што ја завршивме во текот на сезоната, победивме на големи натпревари и го обезбедивме првото место во регуларниот дел од сезоната.

Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот клуб Уникс, на стручниот штаб предводен од Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите посветени навивачи. Сакам посебно да ги споменам моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч – рече Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот