Лидл продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија
Лидл продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што Lidl ги нуди како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани кандидати да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност, почит и професионалност.
Препорачано
„Со кампањата ‘Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во Lidl секој има можност да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и почит кон секој поединец. Нашата цел е долгорочно да инвестираме, да создаваме нови можности за вработување и да бидеме сигурен, професионален и одговорен партнер на државата, институциите и граѓаните“, велат од Лидл а Македонија.
Компанијата моментално обезбедува стабилни работни места за повеќе од 400 вработени, со јасен фокус на професионален развој, фер услови за работа и долгорочна сигурност. Lidl нуди структуриран процес на вработување, како и сеопфатни обуки за сите нови вработени, кои траат од 6 до 8 недели и овозможуваат стекнување практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа претставува клучен фактор за успех и долгорочен развој.
Како дел од една од водечките европски малопродажни компании, која работи во повеќе од 30 земји, Лидл Македонија своето работење го темели врз високи професионални стандарди, интегритет и целосно почитување на локалното законодавство, институциите и сите важечки регулативи. Влезот на Lidl во земјава е резултат на внимателно планиран и транспарентен инвестициски процес, реализиран во партнерство со релевантните институции и согласно сите пропишани процедури. Компанијата работи транспарентно и одговорно, со одлична соработка со институциите на централно и локално ниво секаде каде што Lidl има свои инвестиции низ државата, почитувајќи ги сите законски и административни процедури во процесот на своето работење и инвестирање во земјата.
Lidl гледа на македонскиот пазар долгорочно, а од почетокот на своето работење во земјава инвестираше повеќе од 200 милиони евра во развојот на современа малопродажна и логистичка инфраструктура. Lidl ќе отвори маркети низ целата земја како дел од својата стратегија за економија на обем и како во другите земји каде што работи, ќе овозможи понуда со највисок квалитет по пристапна цена. Логистичкиот центар во Куманово е најголем логистички центар на Lidl на Балканот, а со таква современа и развиена инфраструктура Lidl ќе овозможи секој ден понуда на свежи продукти за нашите потрошувачи секаде низ државата.


