Лидија Велковска / Фото: Фејсбук-Ретро ризница - Македонски медиуми

ФОТО+ВИДЕО | Беше прогласена за четврта најубава жена во светот: Се сеќавате ли на Македонката што ја прослави Југославија на светската сцена на убавината?

Лидија Велковска е една од најпознатите македонски убавици со значајна кариера на меѓународните избори за убавина. Во 1975 година, како претставничка на Македонија, таа се пријави на изборот за „Мис на Југославија“ и ја освои титулата.

Како официјална „Мис на Југославија“, на само 18 години Велковска ја претставуваше земјата на „Мис на светот“ во 1975 година, одржан во Лондон, каде што се пласираше меѓу топ пет финалистките, поточно го освои четвртото место во конкуренција со 67 учеснички од целиот свет.

Покрај успешниот пласман во Лондон, Лидија имаше значајна кариера и како манекенка, појавувајќи се на бројни насловни страници во најреномираните југословенски списанија.

Подоцна таа стана сопственичка на лиценцата за изборот „Мис на Македонија“ за светскиот натпревар, и неколку години по ред испраќаше македонски претставнички на светскиот избор за убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EX-YU Aviation News (@exyuaviation)

За време на истата 1975 година, друга Југословенка, Лидија Маниќ, ја освои титулата „Мис Интернационал“ во 1975 година во Јапонија, што беше значаен успех за југословенската сцена на меѓународните натпревари за убавина.

Лидија Велковска на насловните страници на најреномираните списанија во Југославија / Фото: Фејсбук/Ретро ризница – Македонски медиуми
Лидија Велковска денес / Фото: Линкдин/Лидија Велковска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот