Лидерот на републиканците во Сенатот Меконел пренесен во болница откако се сопнал и паднал во хотел

Мич Меконел / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, бил пренесен во болница во Вашингтон откако се сопнал и паднал во хотел, изјави портпаролот на сенаторот, пренесува „Гардијан“.

„Синоќа лидерот Меконел се сопна во локален хотел за време на приватна вечера. Тој е примен во болницата каде што се лекува“, рече Дејвид Поп, директор за комуникации на Меконел.

Во 2019 година, Меконек (81), се сопнал и паднал во својот дом во Кентаки, добивајќи фрактура на рамото.

Меконел првпат бил избран во Сенатот на САД во 1984 година. Тој бил лидер на мнозинството во Сенатот од 2015 до 2021 година, а оттогаш како лидер на малцинството во Сенатот.

Пред неговиот избор во Сенатот, тој служел како извршен судија во округот Џеферсон, Кентаки од 1978 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот