Лидерот на британската опозиција ќе поднесе оставка доколку полицијата потврди дека ги прекршил ковид-правилата

Кир Стармер/ Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Кир Стармер, ќе понуди да поднесе оставка доколку полицијата утврди дека минатата година ги прекршил ковид-правилата, јави Скај њуз.

Стармер треба да даде изјава во 15:00 GMT, рече портпаролот на Лабуристите.

59-годишникот, кој претходно служеше како главен обвинител во земјата, ги предводеше повиците до премиерот Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак да поднесат оставки, откако и двајцата добија парични казни поради роденденската забава, организирана за Џонсон од персоналот во Даунинг Стрит.

Стармер се соочи со силен удар минатата недела, откако британската полиција рече дека ќе го испита за потенцијално прекршување на ковид-правилата за време на локдаунот.

Снимката од април 2021 година го покажува како пие пиво со колегите во затворен простор за време на посетата на североисточниот дел на Англија. Тој претходно негираше дека се прекршени правилата на, како што рече, оброк за време на работен настан.

Ковид-мерките во тоа време им забрануваа на луѓето да се собираат во затворени простории со други надвор од нивното домаќинство, иако имаше исклучок каде собирите беа разумно неопходни за работни цели.

По Џонсон, и лидерот на британската опозиција под истрага за прекршување на ковид-правилата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот