Ли Чианг е нов премиер на Кина

Кинескиот Парламент денеска го избра Ли Чианг за премиер во гласање што беше практично формалност, јавија западни медиуми. Ли е близок доверлив човек на претседателот Си Џинпинг, кој вчера беше реизбран за трет мандат.

Кинескиот национален народен конгрес во голема мера само ги одобрува одлуките на владејачката Комунистичка партија. Еднодомниот Парламент вчера едногласно го реизбра 69-годишниот Си Џинпинг за претседател. На денешниот избор на Ли Кианг за премиер имаше три гласа против и осум воздржани.

Во кинескиот Парламент има 2.980 пратеници.

Ли (63) е најпознат по наметнувањето брутално заклучување во Шангај минатата пролет, кога беше на чело на Кинеската комунистичка партија во најнаселениот град во земјата. Така, тој ја докажа својата лојалност кон Си Џинпинг со спроведување на својата политика „нулта ковид“ со цврста рака, и покрај поплаките од локалните жители дека немаат пристап до храна, лекови и основни услуги.

Приоритет број еден за новиот кинески премиер ќе биде економијата. Целта за раст на бруто домашниот производ на Кина за оваа година е околу 5 проценти. Минатата година таа бројка падна на 3 отсто, што е второ најниско ниво од 1970-те

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот