Левица вели дека власта со „смешен“ и „шминкерски“ закон му удоволува на коцкарскиот бизнис

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа, со истото ограничување од 500 метри, кое додека беа во опозиција го нарекуваа „смешно” и недоволно, реагираат од патијата Левица.

Токму сегашниот вицепремиер Изет Меџити во 2023 година јавно изјави дека растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти е „смешно” и најавуваше амандмани со кој сите казина ќе бидат најмалку 3 километри од населените места. Денес, истите тие политички партии не само што се откажаа од сопствените ветувања, туку очигледно целосно ретерираат пред коцкарскиот лоби-бизнис. Разликата е само што наместо СДСМ и ДУИ, сега ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се новите политички покровители на шемата со игрите на среќа. Особено лицемерно е што власта зборува за борба против коцкањето, а притоа не ја укинува онлајн платформата „Мегавин”. Додека беа во опозиција, денешните функционери обвинуваа дека токму онлајн игрите на среќа го шират коцкањето меѓу младите и семејствата. Наместо суштинска реформа, власта нуди шминкерски закон кој единствено му удоволува на коцкарскиот бизнис и создава лажен впечаток за наводна регулација. Со вакви половични мерки нема да се намали зависноста од коцкање, ниту ќе се заштитат младите, пишува во партиската реакција.

Од Левица предлагаат доколку власта навистина сака да ги ограничи игрите на среќа, да го прифати предлогот на Левица — казината и обложувалниците да бидат дозволени исклучиво во погранични реони и туристички ресорти, надвор од урбаните средини и секојдневниот живот на граѓаните и младите.

Сѐ друго е само политички маркетинг и заштита на профитите на коцкарската индустрија, велат оттаму.

Коцкарниците се селат на најмалку 500 метри од училиштата, кладилниците ќе останат и поблиску

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот