Фото: Слободен печат /Слободан Ѓуриќ

Левица: Амар Мециновиќ влегува во втор круг за градоначалник на Скопје

Сѐ поизвесно станува дека кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, влегува во вториот круг и исклучително сме задоволни од резултатите, истакна на прес-конференција портпаролот на Левица Круме Богевски.

Според него, во Кисела Вода, Аеродром и во Карпош – Левица е втора партија веднаш по ВМРО-ДПМНЕ.

– Имаме водство пред СДСМ што значи дека ќе имаме повеќе советници. Во Велес имаме повеќе гласови од СДСМ за советничката листа. Имаме позитивни резултати и во Гостивар, а во Кавадарци ни се зголемуваат советничките места од едно на две. Ова е тренд кој се следи во поголемите урбани средини – истакна Богевски.

Портпаролот на Левица кој е носител на советничката листа во Кавадарци, за оваа општина рече дека Левица освоила 1.558 гласа и два советника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот