Леванте објави детали за повредата на Андонова

Фото: Levante UD Femenino

Maкедонската репрезентативка Наташа Андонова во денешниот натпревар за Левванте го постигна единствениот гол на средбата и донесе победа против Тенерифе, но и се повреди.

Андонова не го заврши натпреварот и беше изнесена на нослики, а по медицинските тестови Леванте објави соопштение во кое откри повеќе детали за повредата на македонската фудбалерка.

Во соопштението од Леванте потврдува дека се работи за повреда на главата, но не прецизираат кога таа ќе биде спремна да се врати на терените.

„Наташа е отпушена од болницата откако и беа направени различни тестови. На тестовите дијагностицирана и е полесна трауматска повреда на мозокот (ТБИ). Ќе ја следиме состојбата и оптмисти сме за нејзино брзо закрепнување“, објави Леванте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот