Лев: Наша должност е да ги чуваме животите
Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев, ја поздрави одлуката на УЕФА да го одложи ЕП за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот.
Препорачано
УЕФА на вчерашниот итен состанок со сите земји членки одлучи да го одложи за една година, Европското првенство поради пандемијата на коронавирусот. ЕП ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година, исто така во 12 европски градови.
. @DFB_Team_En manager, Joachim Low & DFB officials react to the postponement of #Euro2020 , which will now take place next summer and become #Euro2021 . #UEFA #Euros #JogiLow #DFB https://t.co/xIMllYKBfT
— Bavarian Football Works (@BavarianFBWorks) March 17, 2020
– Сите мора да го чуваме здравјето и животите на луѓето, а тоа се подразбира и во фудбалот. Поради тоа е многу важно и немаме друга алтернатива освен одложување на ЕП. Моите играчи му се радуваа на настапот на на ЕП ова лето, секој фудбалер живее за настапи на големи натпревари и големи натпреварувања кои и носат радост на целата држава или цел континент. А, кога станува збор за Светското првенство, тоа носи радост во целиот свет – вели Лев.


