ЛЕТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Внимавајте, опасноста демне во плиткото!

Без гумени или пластични сандали не влегувајте во вода бидејќи и во плиткото демне опасност. На фејсбук-групите посветени на Грција со денови кружи предупредување за овие опасни жители на Егејско и Јонско Море, пишува Курир.рс.

Туристите предупредуваат дека озлогласената риба „лајонфиш“ или морски пајак се појавила и во Неи Пори каде што ја нагазила туристка. Ханиоти, Пефкохори, Врахос, Лефкада… Туристите велат дека ги има насекаде во Грција.

Станува збор за опасна риба која живее во длабочините, но сè почесто се појавува и во плиткото. Вешто се крие во песокот, а кога ќе ја згазнете, пушта отров, по што станува болно и непријатно. Потребна е итна медицинска помош. Туристите кои имале вакви искуства советуваат дека како прва помош може да дојде и топлата вода, бидејќи отровот е термолабилен.

Убодот од оваа риба може да биде и смртоносен, што и се случувало кога не постоеле адекватни лекови.

„Згазив на рибата додека бев во вода до колена. Одеднаш почувствував неописива болка. Мислев дека ги скршив сите прсти или дека згазив на стакло. Меѓутоа, имаше само малку крв, а болката беше непријатна. И да знаев дека ќе помогне топол камен или топла вода, во тој момент немаше да се сетам бидејќи не знаев што се случи. Стапалото ми се наду, а отокот стоеше две недели“, напишала една туристка која минатото лето доживеала непријатност со морски пајак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот