Летно национално првенство: Прогласени најуспешните пливачи во Македонија

Фото: Национална пливачка федерација

Викендов во Охрид, на градскиот базен „Атина Бојаџи“ под покровителство на Општина Охрид и Националната пливачка федерација, се одржа Летното национално првенство на кое учествуваа повеќе од 200 пливачи од Македонија.

Првенството го отворија охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски. Тие на пливачите им посакаа врвни резултати.

Фото: Национална пливачка федерација

Јас како некогашен ракометар, знам што значеше да се има соодветна спортска сала и уште повеќе ми е јасно, што значи за пливачите да имаат свој затворен базен. Но, состојбата е таква што ние се уште сме во очекување тој да биде конечно целосно завршен. И во такви услови, локалната самоуправа со расположливите ресурси кои ни се на располагање, се потруди да овозможи оптимални услови за одржување на првенството, посочи Пецаков.

За најуспешни пливачи на Летното национално првенство беа прогласени:

Фото: Национална пливачка федерација

Помлади пионери

Влатко Цеков ПК Вардар 2018
Неда Миленковска ПК Младост

Постари пионери

Петар Цеков ПК Вардар 2018
Сара Анастасовска ПК Нептун

Фото: Национална пливачка федерација

Кадети

Јован Јанковски П.В.К Орион
Софиа Дамјанова ПК Вардар 2018

Младинци

Андреј Стојановски ПК Нептун
Миа Блажевска Еминова П.В.К.Орион

Фото: Национална пливачка федерација

Сениори

Андреј Стојановски ПК Нептун
Миа Блажевска Еминова П.В.К.Орион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот